17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМиноски вети дека сите граѓани погодени од невремето ќе бидат обештетени

Миноски вети дека сите граѓани погодени од невремето ќе бидат обештетени

2333

Во текот на викендот најмалку 1.600 граѓани се пријавиле во Министерството за финансии каде ги доставиле своите податоци за деловните банки во кои сакаат да им бидат исплатени средствата коишто се наменети како аванс за надомест на штетата педизвикана од неодманешното невреме во скопско, истакна во министерот за финансии Кирил Миноски.

„Заедно со службите во Министерството за финансии интензивно работиме на прибирање на овие податоци, и тоа не само преку телефонските линии, туку и преку тимот координатори коишто е присутен на терен. Во континуитет ни пристигнуваат списоци, ние ги внесуваме податоците и се надеваме дека ќе успееме најголем дел од податоците за 2.150 граѓани да ги прибереме во текот на денешниот ден и во текот на утрешниот ден да почнеме со исплата на авансот за надомест на штети“, рече Миновски.

Притоа нагласи дека сите граѓани кои биле погодени од невремето, ќе бидат опфатени со оваа мерка и на сите ќе им биде исплатен авансот.

Миноски апелираше до граѓаните доколку не можат да остварат телефонски контакт со претставници од Министерството, како што посочи, поради оптовареност на телефонските линии, тоа да го направат преку координаторите кои се присутни на теренот.

Министерот уште еднаш нагласи дека „нема да остане ниту еден граѓанин, ниту едно домаќинство, кое е нема да го добие овој аванс“, па дури и кои имаат блокирани сметки.

„Откако од страна на Комисијата за процена на штетите ќе го добиеме конечниот износ на штета по домаќинство, ние како Министерство за финансии ќе извршиме исплата на преостанатиот дел, надомест на штета“, рече Миновски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП