18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДЗС: Помал интерес на граѓаните за возење со автобус

ДЗС: Помал интерес на граѓаните за возење со автобус

jsp-avtobus

Намален е бројот на граѓани што го користеле автобусот како превозно средство во второто тромесечје на 2016 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС).

„Бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 4,1%, во приградскиот превоз за 1,3%, во меѓуградскиот превоз за 2,4%, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесувало 8,8% во однос на периодот април-јуни 2015 година“, се вели во извештајот на ДЗС.

Во второто тримесечје од 2016 е забележано и намалување на патничките километри кај автобускиот превоз, кое е најизразено во меѓународниот и приградскиот транспорт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП