18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКредитниот рејтинг на Македонија е намален од ББ+ на ББ

Кредитниот рејтинг на Македонија е намален од ББ+ на ББ

fitch-ratings

Според последниот извештај на кредитната агенција „Фич“, кредитниот рејтинг на Македонија падна од ББ+ на ББ.

„Фич“ забележува дека политичката криза која започнува по обвинувањата за висока корупција кај власта од минатата година, а кои, според нив ги потврдуваат недостатоците во стандардите за добро владеење, се една од причините за намалувањето на кредитниот рејтинг.

Протестите, неуспесите на пржинскиот договор, опструкциите врз работата на Специјалното јавно обвинителство, како и издавањето на еврообврзницата, се исто така дел од причините за намалувањето на рејтингот.

Во однос на прашањето со името, „Фич“ нотира дека во блиска иднина нема решение и дека тоа клучот со кој Грција ќе го отклучи патот на Македонија кон членство во НАТО и во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП