вторник, 27 септември 2022
ПочетнаКОМПАНИИShiseido го купува бизнисот со парфеми и козметика на D & G

Shiseido го купува бизнисот со парфеми и козметика на D & G

shiseido333

Јапонскиот козметички гигант „Shiseido“ нема пречки да го купи бизнисот со парфеми, козметика и производи за нега на кожата на „Dolce & Gabbana“.

Европската комисија (ЕК) го одобри спојувањето на бизнисот на „Dolce & Gabbana“ со француската група „Beauté Prestige International“, контролирана од јапонскиот концерн, објавија од ЕК.

„Beauté Prestige International“ создава, произведува и дистрибуира парфеми и луксузна козметика за модни брендови, додека „Dolce & Gabbana“ произведува и продава парфеми, козметика и други козметички производи за истоимениот бренд.

Заклучокот на Комисијата е дека договорот нема да влијае на конкуренцијата. Комбинираниот удел на двете компании на пазарите на парфеми, козметика и производи за нега на кожата е ограничен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП