17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: ЕУ нема причина да ги укине санкциите против Русија

Меркел: ЕУ нема причина да ги укине санкциите против Русија

angelce77

Нема причина Европската унија (ЕУ) да ги укине санкциите против Русија, бидејќи Москва не ги исполнила сите обврски од мировните договори за Украина од Минск.

Тоа го коментира канцеларката на Германија, Ангела Меркел во интервју за германските медиуми..

Според Меркел руската страна предизвика сериозна криза со анексијата на Крим и со поддршката за украинските сепаратисти.

„Европа мораше да реагира на ова прекршување на основните принципи“, нагласува Меркел.

Канцеларот наведува дека таа и претседателот на Франција Франсоа Оланд прават сé што можат за да ги натераат Русија и Украина да го исполнат договореното за прекин на огнот и покрај тешкотиите.

Европските лидери ги продолжија санкциите против Русија во енергетскиот, финансискиот и одбранбениот сектор, со што добија одмазднички одговор од Москва.

Водечките германски политичари, сепак, како министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, дава знаци дека Брисел постепено треба да почне да ги укинува санкциите ако Русија покаже напредок во мировниот процес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП