18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоплавените да дадат известување во која банка сакаат да им се исплати...

Поплавените да дадат известување во која банка сакаат да им се исплати авансот

finansii ministerstvo

Министерството за финансии, со цел да се изврши авансната исплата на паричната помош на лицата од подрачјата зафатени со поплавите, ги повикува лицата што биле евидентирани од страна на Комисијата за проценка на штети да дадат известување во која деловна банка сакаат да им се исплати паричниот надоместок.

„Исплатата на средствата ќе се изврши во готово, на шалтерите на онаа деловна банка за која лицето ќе се определи. Банките ќе ја вршат исплатата врз основа на документ за идентификација (лична карта, патна исправа)“, се вели во соопштението.

За таа цел, евидентираните лица од приложените списоци доставени од страна на Комисијата за вршење проценка на оштетувања на недвижен и движен имот во подрачјата зафатени со силното невреме и поплавите во Скопскиот и Тетовскиот регион, треба да го пријават изборот на деловна банка на следните контакт телефони:

02/3255-578, 02/3255-586, 02/3255-743, 02/3255-742

– сабота 20.8.2016 од 9 до 17:30 часот
– недела 21.8.2016 од 9 до 17:30 часот
– понеделник 22.8.2016 од 8:30 до 19 часот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП