ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата стабилни под 51 долар

Цените на нафтата стабилни под 51 долар

nafta 56

Цените на барел нафта се стабилизираа во петок на меѓународните берзи под нивото од 51 американски долар, со оглед на тоа дека оценките за анемичната побарувачка и зголемената понуда го забавија оптимизмот во пресрет на разговорите на производителите за замрзнување на степенот на производство.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 50,7 УСД. Позначителни промени во цената немаше ниту на американската берза, така што барелот се тргуваше по цена од 48,13 УСД.

Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК) соопшти дека референтната цена на барел на нејзината нафта во четврток изнесувала 46,5 УСД, што значи дека пораснала 1,15 УСД во однос на претходниот трговски ден.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП