19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонската берза вклучена во регионалната анализа на InterCapital Securities

Македонската берза вклучена во регионалната анализа на InterCapital Securities

mk berza 999

Случувањата на Македонската берза почнувајќи од 17 август станаа дел од анализата на регионалните берзи што на дневна основа ја изготвува InterCapital Securities од Хрватска, којшто и официјално стана партнер на СЕЕ Линк ДОО Скопје (заедничкото друштво основано од берзите од Софија, Загреб и Скопје) во делот на анализа на случувањата на пазарите на хартии од вредност од регионот.

Со оваа анализа се опфатени пазарите на капитал во Словенија, Хрватска, Романија, Србија, Бугарија и Македонија, а истата содржи податоци за дневните перформанси на берзите и најликвидните хартии од вредност, како и за позначајните корпоративни активности на секој пазар.

InterCapital Securities ја дистрибуира оваа публикација до поголем број институциионални и индивидуални инвеститори, а истата е достапна на интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП