Шпанскиот бруто долг пораснал во јуни на рекордни 1,1 илјади милијарди евра, покажуваат податоците на централната банка на Шпанија.
Од шпанското Министерство за економија е соопштено дека тоа одговара на износот од 100,9 отсто од бруто домашниот производ(БДП) и е значително над границата за ова година.
Јавниот долг пораснал 18,5 милијарди евра од мај до крајот на јуни, покажуваат податоците на шпанската банка.
Шпанија цели на удел на долгот во БДП-то од 99,1 отсто до крајот на оваа година, по забележаните 99 отсто на крајот на минатата година.
Министерството за економија соопшти дека и натаму е на пат да ги оствари целите до крајот на годината, во моментот кога Европската комисија(ЕК) го засилува притисокот врз земјите од ЕУ да сторат повеќе на смалувањето на високите нивоа на јавниот и приватниот долг.