10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоследниот ден од неделава дури единаесет акции во зелено поле

Последниот ден од неделава дури единаесет акции во зелено поле

mk berza kke

Последниот трговскиот ден од седмицива на Македонската берза за хартии од вредност дури единаесет акции во зелено поле.

Водач на листата беше акцијата на Охридска банка со раст од значајни 10 отсто и заврши на вредност од 2.981,00 денари. Зад неа со раст од 9,95 отсто се рангираа акциите на Окта АД Скопје, Уни Банка АД Скопје (+2,98 отсто), Стопанска банка АД Скопје (2,83 отсто), Македонија турист (2,65 отсто), Македонски телеком АД Скопје (2,6 проценти).

За да биде последниот ден од неделава во знакот на растот, листата на губитниците беше речиси празна, на неа се најде еднинствено акцијата на Гранит АД Скопје со пад од незначителни 0,85 отсто со истргувани 440 акции во вредност од 221 илјади денари.

Вкупно беше остварен промет од 5.616.571,21 денари, со истргувана количина од 24.619 лотови преку 40 трансакции.

Индексот МБИ-10 денот го заврши со раст на вредноста од 0,52 отсто, и изнесуваше 1.919,18 индексни поени, додека пак индексот ОМБ остана непроменет на вредност од 127,31 индексен поен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП