15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција стравува да не остане без руски гас

Турција стравува да не остане без руски гас

gas 335

Ако проектот „Турски поток“ не биде реализиран, Турција може да биде соочена со проблеми со снабдувањето со гас. Овие стравувања ги изрази претседателот на „Bosphorus Gaz“, Али Шен за агенцијата „Анадолија“.

Шен истакнува во интервјуот за агенцијата дека преку западниот пат (преку територијата на Украина, Романија и Бугарија) во земјата влегуваат околу 14 милијарди кубни метри гас годишно. По 2019-та година, кога Русија можеби ќе го запре транзитот преку Украина, Турција може да биде соочена со сериозни проблеми.

„Капацитетот на „Син поток“ е 16 милијарди кубни метри годишно. Тој минува по дното на Црното Море на длабочина од 2,2 илјади метри. Не е јасно што ќе правиме во случај на техничка грешка“, коментира додава Шен.

Ова е причината и поради која Турција да сака реализацијата на проектот за „Турски поток“. Проценките покажуваат дека тој е економски профитабилен.

Плановите за изградба на гасоводот, кој исто така ќе минува по дното на Црното Море, беа реанимирани за време на средбата на претседателите на Русија Владимир Путин и на Турција Реджпе Таип Ердоган во почетокот на месецот. Засега руската страна дава информации дека без дополнителни услови ќе биде изградена само едната цевка на „Турски поток“ која ќе биде наменета за турските клиенти.

За втората, по која треба да тече гас за Европа, Москва ќе очекува стабилни гаранции од Брисел дека проектот ќе биде одобрен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП