10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДа не се продаваат и купуваат земјоделски производи од поплавените села

Да не се продаваат и купуваат земјоделски производи од поплавените села

sup3

Граѓаните кои одгледуваат земјоделски производи во поплавените села да не ги продаваат, а откупувачите да не откупуваат производи од овој регион додека не се утврди нивната безбедност, апелираше директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Пет тимови на земјоделски и фитосанитарни инспектори од петокот вршат обиколка на теренот, по што ќе бидат земени примероци на анализа во лабораториите на ветеринарниот факултет кој овозможи бесплатни анализи.

Инспекциските служби пак на Агенцијата за храна и ветеринарство ги контролираат операторите со храна кои претрпеа штети од невремето и чии објекти беа поплавени. Укажано им е да се изврши чистење и дезинфекција на објектите пред  да се почне повторно со работа.

Исконтролирани се пет маркети, бурекџилници, магацин со пченица и четири пункта за собирање на хуманитарна помош во село Стајковци каде не се евидентирани поголеми отстапувања, ниту со контролите е затекната небезбедна храна или храна со поминат рок.

Извршени се и контроли на три маркети и еден угостителски објект во село Црешево каде од страна на инспекциските служби на Агенцијата наредено е да се изврши итна дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Во село Инџиково направени се контроли на пет маркети и таму не се евидентирани никакви проблеми.

Од страна на инспекторите за храна извршена е и контрола на три маркети во Сингелиќ кои се наоѓаат на патот селото Арачиново како и на еден погон за производство на сокови кој бил поплавен, а каде чистењето се уште е во тек. Во маркетите во Сингелиќ наредено е да се изврши итна десинфекција, дезинсекција и дератизација.

Во рамки на вонредните контроли кои ги спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за операторите со храна од поплавените подрачја се контролираше и тоа дали истите продаваат и хуманитарна помош. Со контролите не се евидентирани ваков тип на недоследности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП