9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициите во хотели во Европа се намалуваат во првото полугодие

Инвестициите во хотели во Европа се намалуваат во првото полугодие

hotel znak 33

Обемот на инвестициите во хотели во Европа се намалува за 41% во првата половина од годината во споредба со првата половина од 2015-та година до речиси 6,9 милијарди евра, покажуваат податоците на консултантската компанија „CBRE“, цитирани од онлајн изданието „property-magazine.еu“.

Намалувањето на обемот на инвестициите следи на сите водечки пазари во Европа со еден исклучок – Германија, каде е забележан раст од 34% на годишно ниво до малку над 2 милијарди евра.

Германскиот пазар на хотели е од најатрактивните за инвеститорите во Европа, докажан како исклучително ликвиден и профитабилен во позадина на пошироката пазарна и политичка несигурност, посочуваат експертите.

Така Германија ја надмина Британија како пазар за инвестиции во хотели во Европа, откако Островот доминираше во текот на повеќе од една деценија.

Силниот раст на германскиот пазар се должи на повеќе од 10 големи зделки, реализирани во вториот квартал.

Интересот доаѓа од разновиден спектар на инвеститори, вклучително и јавни фондови за имот, институционални инвеститори, приватен капитал и други инвестициски фондови.

Во Велика Британија обемот на инвестициите во хотели се намалува за 76% на годишно ниво во првото полугодие.

Во Франција е забележан силен раст на трансакциите во вториот квартал, но падот за првото пологодие е до вкупен волумен од 508 милиони евра. Волуменот се поддржува од засилената активност надвор од Париз – најмногу во одморалиштата во јужните региони на земјата, додека активноста во престолнината се намалува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП