3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФондацијата на Ди Каприо параван за перење на пари?

Фондацијата на Ди Каприо параван за перење на пари?

di kaprio 333

Милионски донации кои изминатите години се слевале во фондацијата на славниот холивудски актер Леонардо Ди Каприо, наводно потекнуваат од украдени пари, стои во извештајот на американското Министерство за правда, пренесува лондонски Daily Mail.

Како што пишува Daily Mail, малезискиот бизнисмен и плејбој Хо Лоу, украдените пари од малезискиот фонд „1MBD“ ги трошел на луксузните аукции кои ги организирал Ди Каприо за зачувување на животната средина.

Сепак, во извештајот се наведува дека засега нема индиции кои укажуваат на тоа дека холивудскиот актер знаел од каде потекнуваат парите, но скандалот со „перење на пари“, кој подолг период ја тресе Малезија, изтражителите гo споилe со фондацијата на Ди Каприо.

Во извештајот на Министерството за правда се наведува де Хо Лоу ги украл парите од фондот „1MDB“, а потоа го трошел на аукциите кои ги организирал Дикаприо.

Меѓу другите информации, во извештајот стои податок дека Хо Лоу потрошил 1,1 милони долари за уметничките предмети на Ед Раш и Марк Рајден, кои биле понудени на една од аукциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП