17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ“Витаминка” АД Прилеп со позитивни финансиски резултати за првото полугодие

“Витаминка” АД Прилеп со позитивни финансиски резултати за првото полугодие

vitam

П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Јуни 2016 година оствари позитивен финансиски резултат и искажа добивка од 25,126 илјади денари.

Сметководствени политики и методи на вреднување

Во првото полугодие од 2016 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи на П.И “Витаминка” АД Прилеп.

Вкупни приходи

Остварените единечни вкупни приходи во првото полугодие од 2016 година изнесуваат 839.237 илјади денари и во споредба со остварените во првото полугодие од 2015 година, на износ од 800.362 илјади денари бележат раст од 5%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од основната дејност, кои во споредба со остварените во 2015 година, бележат раст од 5%.

Вкупни расходи

Остварените единечни вкупни расходи во првото полугодие од 2016 година изнесуваат 799.179 илјади денари и во споредба со остварените во првото полугодие од 2015 година бележат раст од 7%. Растот на вкупните расходи е резултат на порастот на трошоците на производство согласно зголемениот приход и благо зголемување на одредени групи на трошоците, во споредба со направените во 2015 година.

Дивиденда

На 01.06.2016 година на Годишното собрание на акционери е одобрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2015 година на износ 11.088 илјади денари односно 144,53 денари бруто за една акција. Нето дивиденда за 2015 година изнесува 130,07 денари за една акција.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во првото полугодие од 2016 година изнесуваат 159.473 илјади денари. Инвестициите се во насока на модернизација и автоматизација на производните линии и зголемување на производните капацитети на друштвото.

Обврски по кредити

Вкупните единечни обврски по кредити на 30.06.2016 година изнесуваат 200.183 илјади денари и во споредба со состојбата на 30.06.2015 година се намалени за 3%.

Нови вработување

Вo периодот Јануари – Јуни 2016 година во П.И “Витаминка” АД Прилеп, бројот на вработени е на исто ниво

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП