18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСингапур го следи примерот на Шведска во безпаричните плаќања

Сингапур го следи примерот на Шведска во безпаричните плаќања

singapore(8)333

Сингапур планира да ја намали улогата на парите и чековите во економијата, така што ќе ги стимулира банките да преминуваат дигитални плаќања, соопшти Гувернерот на централната банка на земјата, пренесува „Bloomberg“.

„Клиентите користат многу пари за дневни плаќања. Бизнисите исто ги користи релативно често“, вели Рави Меноти, управен директор на „Monetary Authority of Singapore“ (Централната банка на земјата), на финансиската технолошка конференција.

Меноти додаде дека парите во оптек во Сингапур се еднакви на 8.8% од БДП-то во однос на малку повеќе од 2% во Шведска. Во 2014-та година во Сингапур се напишани по 12,7 чекови на човек, во споредба со практиката на ниту еден во Шведска, додаде тој.

Тоа го чини Сингапур околу 2 милијарди сингапурски долари (1,5 милијарди американски долари) годишно, главно трошоци за чување и обработка. Меноти смета дека тоа не е незначителна сума.

Меноти изјави дека Централната банка бара од финансиските институции во земјата да ги пренесат на своите клиенти сите трошоци за услуги поврзани со интензивно користење на хартија, како обработката на чекови, за да ги стимулира да се насочат кон дигиталните плаќања.

Централната банка исто се надева следната година мнозинството од овие трансакции да се вршат преку мобилни телефони, националниот идентификациски број или други сигурни броеви, а не преку бројот на банкарска сметка, дополнува Меноти.

Сингапур, меѓу Финска, САД, Шведска и Британија, се економиите кои се подготвени да ги користат дигиталните плаќања поради големата употреба на мобилни телефони и банкарски услуги, се наведува во извештајот на „Citigroup“, објавен во јуни.

„Apple“ ја воведе услугата за мобилни плаќања „Apple Pay“ во Сингапур во април. „Samsung Electronics“ го следи примерот со сопствениот сервис два месеци подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП