18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајтргувани акциите на Алкалоид АД Скопје

Најтргувани акциите на Алкалоид АД Скопје

be

Македонската берза во четврток имаше раст на индексот МБИ10 од 0,41% со вкупен промет од 5,2 милиони денари остварени преку 51 трансакција и истргувани 13.664 лотови.

Најтргувани беа акциите на Алкалоид АД Скопје со вкупен промет од 1,67 милиони денари и акциите на ТТК банка АД со промет од 1,04 милиони денари.

Со обврзниците за денационализација РМДЕН13 и РМДЕН15 денес имаше по една трансакција од секоја, која беше доволна за да придонесе до нагорна промена на индексот ОМБ, раст од 0,32% и вредност од 127,31 индексни поени.

Во четврток повеќето хартии од вредност завршија во зелено поле при што само две имааа пад. Осум ја зголемија својата вредност, две ја намалија, а пет хартии се тргуваа без промена на цената. Најголем раст имаше акција на Гранит АД Скопје и тоа за 4,95 отсто. Кај губитниците само една трансакција придонесе за пад на вредноста од 8,59 отсто на акциите на Факом АД. И акцијата на Македонија турист денес со пад од -2,58 отсто, при што заврши на вредност од 3.402 денари со истргувани само 10 лотови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП