2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРио 2016: Никој како Болт, трето злато на 200 метри

Рио 2016: Никој како Болт, трето злато на 200 метри

ub

Најбрзиот човек во историјата на атлетиката Јусеин Болт продолжи да испишува историја во овој спорт, откако победи и на трката на 200 метри на олимпијадата во Рио де Жанеиро.

Болт во финалето на 200 метри победи со резултат 19,78 секунди и стана првиот човек кој на три олимпијади победил во оваа дисциплина. Атлетичарот од Јамајка претходно беше „златен“ и на ОИ во Пекинг 2008 и Лондон 2012.

Болт пред три дена го освои златниот медал и на 100 метри и стана првиот во историјата кој на три олимпијади освоил истот толку златни медали во спринтерските дисциплини.

Во сабота Болт ќе има можност да го комплетира третиот „хет трик“, бидејќи ќе настапи со штафетата на Јамајка на трката на 4×100 метри.

Зад Болт во целта влегоа Канаѓанецот Андре де Грас, кој на 100 метри го освои среброто, со време 20,02 секунди и Французинот Кристоф Леметер со време 20,12 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП