23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветските берзи во пораст

Светските берзи во пораст

berzi azija 2994

Акциите на светските берзи во четврток во главно се во пораст откако Волстрит ден претходно тргувањето го заврши во плус со вест дека Федералните резерви(Фед) не брзаат со подигање на референтната каматна стапка.

Францускиот берзански индекс CAC-40 порасна 1,5 отсто, а британски FTSE 100 и германски Dax о,4 отсто.

Европските берзански индекси во среда забележаа загуби, додека на Волстрит на крајот на денот успеаја да излезат од негатива откако беа објавени белешките од состанокот на Фед, во кои не беше назначено времето за подигање на референтната каматна стапка.

Најголема загуба денеска е забележана на берзата во Токио, каде што индексот Nikkei 225 падна 1,5 отсто, откако беше забележан најголем пад на извозот во Јапонија од 2009 година.

Хонгкошки Hang Seng порасна за еден отсто, додека шангајскиот композитен индекс падна за 0,2 отсто.

Јужнокорејски Kospi порасна 0,9 отсто, сиднејски &P-ASX 200 0,4 отсто, а индиски Senseks 0,6 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП