4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТечат активностите за конзервација, реставрација и санација на Алимбеговата куќа

Течат активностите за конзервација, реставрација и санација на Алимбеговата куќа

asimbegova kuka222

Во Тетово во тек се активностите за конзервација, реставрација, санација и конструктивно зајакнување на Алимбеговата куќа, значаен споменик на културата од османлискиот период изграден во необарок стил кој до 1993 година беше во функција на Медицински центар или Стара болница.

Имајќи го предвид значењето на објектот и согласно иницијативата за адаптација на куќата во современ музеј на Мехмет Паша Дерала, со поддршка на Министерството за култура, беа обезбедени средства за изработката на проект за конзервација, реставрација и конструктивно зајакнување на архитектурата.

Претходно се извршени конзерваторско реставраторски работи на тремот и терасата од јужната страна на објектот, а во моментов стручните екипи на Националниот конзерваторски центар интензивно работат на конзерваторско-реставраторските работи и конструктивна консолидација на архитектонскиот склоп, обнова на фасадата во автентичен манир со сите стилски и декоративни карактеристики и интервенции на покривот со комплетна замена на покривната конструкција и покривниот покривач.

Активностите на архитектурата на Алимбеговата куќа во Тетово, која со специфичната декорација на фасадите, разиграната форма и одличното функционално решение, како единствен претставник на аристократска куќа изградена по примерот на Европа, треба да бидат завршени до крајот на годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП