22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИБАНКИНово искуство во дигиталните финансии – Комерцијална банка лансираше нов портал за...

Ново искуство во дигиталните финансии – Комерцијална банка лансираше нов портал за електронско банкарство

Комерцијална банка со гордост ја пушти во употреба новата Интернет банка – модерен и иновативен портал за беспрекорно искуство во управувањето со личните и деловните финансии. Новата Интернет банка е создадена за да одговори на потребите на модерниот клиент, овозможувајќи му во секое време брз, едноставен и безбеден пристап до неговите финансии – каде и да се наоѓа.

Со целосно нов и интуитивен изглед и со напредни функционалности, Интернет банката дозволува лесно управување со платежни сметки, депозити, картички и кредити, вршење трансакции за неколку секунди и 24/7 следење на финансиските промени за максимално безбедни финансии.

Новата Интернет банка обезбедува:

  • Подобро корисничко искуство со лесен пристап до производите
  • Иновативни алатки за анализа на трошоци и поставување финансиски цели
  • Поедноставени плаќања и побрза обработка на трансакции
  • Персонализирани услуги според сечии потреби
  • Максимална безбедност и контрола на сметки и платежни картички

Како долгогодишен лидер во финансискиот сектор, Комерцијална банка со новиот портал за електронско банкарство уште еднаш ја истакнува својата посветеност на иновациите и дигитализацијата, поставувајќи нови стандарди во банкарските услуги.

„Со оваа значајна надградба на нашето електронско банкарство сакаме да им понудиме на клиентите алатка која ги олеснува секојдневните трансакции и им помага да бидат поефикасни во управувањето со личните или деловните финансии. Нашата посветеност на иновациите и дигитализацијата е носечка сила на овие новитети. Веруваме дека новата Интернет банка ќе им донесе на клиентите уште подобро корисничко искуство и заштеда на време и ресурси,“ изјави Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Новата Интернет банка, која е изработена во соработка со водечката домашна компанија за дигитална трансформација Некстсенс, е доверлив и неизбежен партнер за сечии лични и деловни финансии затоа што заштедува време и пари и ги извршува сите финансиски активности со беспрекорна ефикасност, брзина и безбедност.

Повеќе информации за новата Интернет банка се достапни на следниот линк, а новитетите на Интернет банка за бизнис финансии се достапни на следниот линк .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП