ПочетнаЕКОНОМИЈАГолем пад на јапонскиот извоз

Голем пад на јапонскиот извоз

uvoz 399

Јапонскиот извоз претрпе во јули најостар месечен пад во седум години.

При тоа, забележани се намалени испораки на автомобили, бродови и челик, покажаа официјалните податоци.

Показателите за извозот се разочарувачки, иако Јапонија оствари поголем трговски суфицит од очекуваниот.

Според соопштението на Министерството за финансии, вредноста на извозот опаднала минатиот месец 14 отсто во однос на минатата година, што е пад десет месеци по ред, додека увозот паднал речиси 25 отсто, резултирајќи со трговски вишок од 513 милијарди јени, односно 5,1 милијарди американски долари.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП