21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвиокомпаниите од Индонезија добија дозвола за летови во САД

Авиокомпаниите од Индонезија добија дозвола за летови во САД

indonezija avioni 33

Авиокомпаниите од Индонезија конечно добија нова дозвола за летови во САД, откако ги задоволија безбедносните прописи, па со тоа им беше укината деветгодишната забрана.

Американската федерална администрација за авијација им додели на индонезиските компании сертификат категорија 1 за безбедност откако во 2007 година воведе забрана заради неколку поголеми несреќи.

Европската унија (ЕУ) исто издаде дозволи за три индонезиски компании.

По инспекцијата во март, утврдено е дека Индонезија ги задоволува безбедносните стандарди на Организацијата за меѓународна цивилна авијација.

Во изминатите десет години, индонезиските авиони доживеаја дури 13 несреќи, што е повеќе од глобалниот просек.

Индија и Филипини претходните години исто добија дозвола за летови кон САД, додека Тајланд ја загуби во декември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП