5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧленовите на ФЕД повторно се поделени за промена на каматните стапки

Членовите на ФЕД повторно се поделени за промена на каматните стапки

fed333555

Во редовите на американската централна банка (ФЕД) повторно не владее консензус во однос на можното неодамнешно продолжување на пресвртот во каматната политика.

За време на состанокот во јули членовите на американските федерални резерви ги искажале своите стравувања од гласањето во корист на „Brexit“ во Велика Британија и покажаа олеснување за пазарот на трудот, но биле поделени за тоа дали банката треба што поскоро да ги крене повторно каматните стапки.

Ова станува јасно од објавениот протокол од седницата во седмиот месец од годината. Како и досега има различни проценки за понатамошниот развој на пазарот на трудот и на потрошувачките цени. И двата параметри играат важна улога при парично-политичките одлуки на Федералниот Трезор.

И додека краткорочните ризици за пад на економијата во САД се намалиле, членовите на ФЕД продолжуваат да се загрижени за некои трендови зад границите, како што се економскиот развој на Кина и лошата состојба на некои европски банки.

Двајца членови на ФЕД побараа зголемување на каматните стапки за време на средбата, но многу други членови проценија дека е подобро да се почекаат дополнителни информации, пред да се донесе одлука, пренесува „MarketWatch“.

Генерално, Одборот на директори се согласил дека треба да се соберат повеќе податоци пред да се утврди точниот момент за зголемување на каматните стапки. Некои од членовите преферираат да ја видат отпорна инфлација од над 2%, пред да се преземе ваков чекор.

Сепак, за време на седницата е доминантно мислењето дека непосредните опасности за американската економија се намалиле. На крајот деветмина членови гласаа за задржување на сегашните каматни стапки, а само еден гласал за покачување.

Во последните денови различни претставници на ФЕД истакнаа дека ново зголемување на основните каматни стапки може да се случи за време на некоја од преостанатите седници на Комитетот за отворените операции – во септември, ноември и декември.

Од декември 2015-та година, кога ФЕД ги зголеми каматните стапки за прв пат по речиси 10 години, основните камати се меѓу 0,25 до 0,50 отсто.

Следниот состанок на Комитетот за отворените операции е на 20-21-ви септември. Претседателот на ФЕД, Џенет Илејн ќе зборува на 26-ти август за време на годишниот симпозиум на гранката на ФЕД во Џексон Хол, Вајоминг, потсетува „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП