21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗПрви фотографии од мегакупето на Maybach

Први фотографии од мегакупето на Maybach

kumaj 90

Првите официјални фотографии на концептниот модел „Vision Mercedes-Maybach 6“ се појавија во интернет просторот. Тоа е 6-метарско купе со врати тип „крилја на галеб“, чија официјална премиера ќе се одржи на автомобилскиот саем во „Пејбпл Бич“, Калифорнија.

kumaj 91

Засега недостасуваат официјалните технички информации за возилото, за кое се тврди дека ќе биде со хибриден погон. Сликите сепак ги откриваат „LED“ светлата, на кои ќе се потпира моделот, како и сензорските елементи за управување, распоредени на вратите.

kumaj 92

Има и проекциски дисплеј кој покажува информации на шофершајбната.

kumaj 93

Засега не е познато дали кабината ќе биде со 4 места, кога ќе се појави во сериско производство. Во 2004-та година компанијата „Maybach“ направи сличен автомобил – концептуалното купе „Exelero“ кое беше купено од американскиот рапер Брдмен. Тој плати 8 милиони долари за возилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП