18 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАOд овие работи зависи вашата репутација

Oд овие работи зависи вашата репутација

online-reputation-repair-australia

Големите грешки не мора баш секогаш да ве доведат до отказ, но сепак можат сериозно да ја уништат вашата репутација. Се зависи од начинот на кој ќе реагирате и ќе ја исправите настанатата штета, но сепак најдобро е никогаш да не си дозволите да ги направите...

1. Ветивте нешто што е невозможно

Го ветивте невозможното, и сега клиентот е бесен поради вашата неисполнителност. Или пак, не сте ја завршиле работата во дадениот рок, па сега колегите се нервозни и ви се лутат.

2. Го оговаравте шефот

Едноставно не можете да ја држите устата затворена, а трачот стигнал и до вашиот шеф. Случајно сте притиснале „Reply All“, и меилот стигнал до сите, наместо до личноста за кој бил наменет. Или пак на некој јавен настан сте се отвориле за лошиот однос кон вработените во вашата фирма.

3. Ја искористивте својата позиција

Ја искористивте својата позиција и вработивте свој познаник, на пријателот му дадовте информации со кои тој остварил финансиска корист, или пак преку вас во јавноста се обелоденила информација која ќе и наштети на компанијата во која работите.

4. Јавен нервен испад

Премногу гласно му викавте на колегата, и го наредивте со секакви имиња. Дури и доколку сите потајно се согласуваат со вас, или тој навистина го заслужува секој збор кој сте му го намениле, одговорноста е ваша, бидејќи вие се однесувавте непристојно и непримерно.

5. Ја злоупотребувате работата

Избегавте од работа за да завршите свои приватни работи, фатени сте на дело како во канцеларија  ја копирате семинарска работа за детето на вашата комшивка или вашата телефонска сметка одамна му кажала „чао“ на дозволениот износ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП