6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсланд од 2017-та ќе започне да ги зголемува мерките за контрола на...

Исланд од 2017-та ќе започне да ги зголемува мерките за контрола на капиталот

island 3353

Владата на Исланд конечно ги предложи првите конкретни чекори за укинување на контролата на капитал во земјата, воведена во 2008-ма година поради финансиската криза, соопштува „Ројтерс“.

Предлозите се однесуваат на населението од земјата, а не за странските инвеститори, додаваат од кабинетот. Претстои мерките да бидат изгласани од парламентот и ако бидат одобрени, ќе влезат во сила од почетокот на следната година.

Предвидено е на Исланѓаните да им биде дозволено да купуваат имот во странство, како и странски валути за патувања. Ќе отпадне и условот за инвестициите во странски хартии од вредност да се чуваат во земјата.

Локалните жители ќе можат да инвестираат и до 100 милиони исландски круни (околу 850.000 долари) во хартии од вредност во една година.

Странските инвеститори сепак ќе продолжат да бараат одобрение од централната банка на Исланд за различни операции. Средства на илјадници странци се блокирани во земјата поради мерките кои Владата ги презеде поради кризата. Нивната вредност се проценува на 239 милијарди исландски круни.

Според гувернерот на централната банка деблокирањето на дел од средствата може да се случи следната година, откако властите ги проценуваат резултатите од олеснување на мерките за локалното население.

Исланд избира интересен момент за да почне да ги подигнува мерките за контрола на капиталот, воведени поради кризата. Во земјата во октомври ќе се одржат избори, откако нејзиниот премиер поднесе оставка поради скандал со оф-шор сметки, кој изби покрај објавувањето на т. н. „Панамски документи“.

Според гувернерот на централната банка на земјата, пренесува „Bloomberg“, девизните резерви, банките и домаќинствата се доволно отпорни, за да почнат да се справат со ограничувањата.

Аналитичари очекуваат дека првиот бран на погодности ќе предизвика одлив на од 40 до 165 милиони исландски круни.

Контролата на капиталот во Исланд беше воведена во 2008-ма година по колапсот на трите главни банки во земјата поради долговите во износ од 85 милијарди долари. И водечките економисти, и меѓународните финансиски институции повеќе пати искажаа одобрение за преземените мерки, кои доведоа до обновување на економијата.

Економскиот раст на земјата изнесува 4%, невработеноста е сведена на ниво од 2%, а инфлацијата достигна ниво од 1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП