26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar подготвува најмоќна верзија на F-type

Jaguar подготвува најмоќна верзија на F-type

jaguarf

Британскиот производител на автомобили „Jaguar“ има во план да ја надогради водечката верзија на моделот „F-Type“ која сега ќе има импресивни 600ks сили на V8 моторот. Ова ќе биде најмоќниот модел на „Jaguar“ кој се наоѓа во продажба, дури иако компанијата го користи истиот 5.0 литарски мотор кој се наоѓа кај моделите „XJR“ и „XKR-S“.

Овој модел во продажба ќе се појави најверојатно во 2016-та година. Основната верзија на „Jaguar F-Type“ ќе биде опремена со 3.0 литарски V6 мотор кој ќе произведува 340ks и од 0 до 100km/h ќе забрзува за 5.1 секунди.

„F-Type V6 S“ моделот има 3.0 литарски V6 мотор со 380ks , додека „F-Type V8 S“ моделот има 5.0L V8 мотор кој развива 495ks и 460Nm вртежен момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП