3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle го забележа најслабиот раст на продажбата од 2009-та

Nestle го забележа најслабиот раст на продажбата од 2009-та

neki335

Најголемата компанија за прехранбени производи во светот – „Nestle“, забележа најмал раст на продажбата во првата половина од 2009-та година, соопштува „Bloomberg“.

Приходите се зголемени за 3,5% на органска база, соопшти комапнијата со седиште во Веве, Швајцарија. Аналитичарите очекуваа раст од 3,7%. Волуменот е зголемен за 2,8% во споредба со предвидувањата од 3,1%.

„Цените во целина во Латинска Америка се изненадувачки слаби“, рече Патрик Ланг, шеф на капиталните студии во „Julius Baer Group“.

Цените достигнаа „историски ниски нивоа“, иако најверојатно ќе се обноват „донекаде“ во следните месеци, изјави главниот извршен директор Пол Булке. Директорот е на пат да забележи раст на продажбата под просечната долгорочна цел на компанијата за четврта година по ред.

„Nestle“ потврди дека очекува годишниот органски раст на приходите да биде сличен на минатогодишниот од 4,2% и ја повтори целта да постигне подобри маргините и базна заработка по акција при постојана валута. Долгорочната цел на компанијата е за раст на продажбата меѓу 5% и 6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП