16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСвеченост по повод одбележувањето на Денот на АРМ

Свеченост по повод одбележувањето на Денот на АРМ

arm

Денес со почеток во 10 часот на платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ ќе се реализира централната свеченост по повод одбележувањето на  Денот на АРМ.

Согласно протоколот, на присутните ќе им се обратат Претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата, Ѓорге Иванов и Министерот за одбрана Зоран Јолевски.

По повод Денот на АРМ, Претседателот на државата Ѓорге Иванов со „Орден за воени заслуги“ ќе ги одликува баталјонот на воената полиција и инженерискиот баталјон од составот на АРМ.

На одбележувањето на  Денот на АРМ се поканети и се очекува да присуствуваат највисоките претставници од државните институции на Република Македонија, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, амбасадорите и воените аташеа акредитирани во Република Македонија и гости од останатите институции во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП