2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтерес за акциите на Макпетрол

Интерес за акциите на Макпетрол

mk berza354

Во вчерашниот трговски ден на Македонската берза зголемен обем на тргување имаше со акцијата на Макпетрол АД при што се истргуваа 176 лотови по цена од 24.800 денари. Поточно таа оствари промет од околу 4,36 милиони денари , што беше 42,4% учество во вкупниот промет.

Зад неа на листата со промет над милион денари се најде и акцијата на Алкалоид  АД Скопје со остварен промет од 1,5 милиони денари и истргувано количество од 290 лотови по цена од 5.303 денари.

На листата на добитници најголем раст оствари приоритетната акција на Стопанска банка АД Скопје со просечна цена од 397 денари и раст од 9,97 проценти. Зад неа се најде акцијата на Макстил со раст од 5,96 отсто. Наспроти ова на листата на губитници на денот прво рангирана беше акцијата на РЖЛЕ Арцелормиттал (ХРМ) Скопје со истргувани 4.306 акции, пад од значајни 14,29%.

Обврзниците за денационализација РМДЕН15 иако со значителен промет од 2,33 милиони денари не придонесоа за промена на индексот ОМБ, тој и понатаму на вредност од 126,90 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП