22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на индустриското производство во САД

Раст на индустриското производство во САД

rast33

Фабриките во САД во јули произвеле повеќе стока, со најголем скок на производството во претходните години, соопштено е од американската централна банка, Федерални резерви (Фед).

Фабричкото производство во јули пораснало 0,5 отсто, по растот од 0,3 отсто во јуни.

Вкупното индустриско производство, што вклучува услуги и рударство, се зголемени за 0,7 отсто, што е најголемо зголемување од ноември 2014 година.

Услугите се зголемени 2,1 отсто откако натпросечно топлото лето доведе до зголемена употреба на клима уредите.

Рударските активности се зголемени 0,7 отсто, што е трет по ред месечен раст.

Новите податоци сугерираат дека производството во САД би можело да го сврти трендот, бидејќи имаше проблеми со појакиот долар, забавувањето на растот во странство и падот на цената на нафтата.

Фабричкото производство сепак е 0,2 отсто поголемо од минатата година, но со тој раст производителите не го зголемиле бројот на работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП