2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗагубите во норвешката нафтена индустрија можеби веќе се минато

Загубите во норвешката нафтена индустрија можеби веќе се минато

nafta more3535

Најлошото за инвеститорите во обврзници со висок принос од норвешката нафтена индустрија можеби веќе заврши, коментира „Bloomberg“.

По бранот реструктуирање во индустрија, поради ниските цени на нафтата, ризикот од загуби сега е намален, изјави Ларс Тронсгаард кој ги следи обврзниците како заменик-директор на „Folketrygdfondet“ – норвешки фонд, кој управува со 199 милијарди круни (24 милијарди долари).

„На краток и среден рок веруваме дека главниот дел од загубите во нашето портфолио веќе изминале. Сега ќе треба да видиме како оди цената на нафтата и како се развива реструктуирањето, особено во поглед на понудата“, рече тој во интервјуто од Осло.

Пазарот на нафтени обврзници со рејтинг „junk“ во Норвешка се враќа, откако цените на обврзниците го достигнаа дното во март, а милијардерите како Киел Инге Роке се доближуваат до добивка по реструктуирањето. Репер е „DNB High Yield Total Return Hedged Index“ кој забележа раст од речиси 12% од овогодинешното дно.

„Сега ја знаеме подобро ситуацијата во компаниите кои се преструктуираат и ценовните нивоа на пазарот се одразуваат на овие реструктуирања. Во однос на другите компании, каде што не сме имале вакви процеси, сметаме дека сме оставиле поголем дел од загубите зад себе“, вели тој.

„Folketrygdfondet“ кој е внатрешниот еквивалент на државниот инвестициски фонд на Норвешка, инвестира во норвешки и нордиски средства, а 40% од портфолиото му се врзани со фиксен приход, а остатокот – со акции. Во вторникот Фондот најави враќање од 2,7% во вториот квартал. Загубите од обврзниците со висок принос му натежнуваат на должничкото портфолио, чие враќање е 1,4%.

Оваа година Фондот беше вклучен во преструктуирање на „Prosafe“, „BW Offshore“, „DOF“, „Solstad Offshore“ и „Rem Offshore“. Резултатите се во согласност со очекувањата, изјави Тронсгаард. Со намалениот ризик од банкроти и загуби, сепак фондот автоматски не станува купувач.

„Имаме добар потенцијал во она што веќе го поседуваме. Дали ќе купуваме повеќе или не, е нешто што секогаш треба да го размислуваме“, вели тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП