22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Велика Британија е на најниско ниво од 2005-та година

Невработеноста во Велика Британија е на најниско ниво од 2005-та година

job centar vb

Вкупната невработеност во Велика Британија е намалена меѓу април и јуни непосредно пред гласaњето околу „Brexit“, објави „ВВС“ врз основа на официјалните податоци кои беа денеска објавени.

Бројот на останатите лица без работа се намалил за 52.000 до 1,64 милиони лица, а стапката на невработеност останува 4,9%, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на луѓето, кои аплицирале за надомест во јули – првиот месец по британското гласање за излез од Европската унија, е 763.600 лица, со 8.600 помалку од јуни. Плаќањето без бонусите се зголемило за 2,3% во трите месеци до крајот на јуни, предвиде уште стастичкото биро.

Заедно со бонусите растот на платите е 2,4%.

„Силниот тренд на пазарот на труд продолжува и во вториот квартал од 2016-та година со ново рекордно ниво на вработување“, рече Дејвид Фримен, статистичар во службата.

„Мал дел од денешните податоци сепак го покриваат периодот откако стана јасен резултатот од референдумот за ЕУ, како и бројот на барањата го покрива периодот од јуни до јули, а на слободните места – од мај до јули“, додава тој.


source: tradingeconomics.com

Вкупниот број на неисполнети во моментов е на најниско ниво од осум години, а нивото на невработеност е на минимум од летото 2005-та година, покажуваат податоците на статистичката служба.

Нивото на вработеноста достигнало рекордни вредности од 74,5%, па 31,8 милиони луѓе работеле во трите месеци до крајот на јуни или со 172.000 повеќе во однос на претходното тримесечје.

Хауард Арчер од „IHS Global Insight“ вели дека британската економија покажува „извонредна отпорност пред британскиот референдум за членство во ЕУ и веднаш по гласањето за напуштање“.

Тој сепак предупредува: „Премногу е рано да се формираат тврди заклучоци од тоа. Останува како веројатност слабеењето на економска активност и зголемената неизвесност да земат „жртви“ од пазарот на трудот во следните месеци“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП