9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПослабата рубља имаше влијание врз добивката на Carlsberg

Послабата рубља имаше влијание врз добивката на Carlsberg

carlsb3

Данската пиварница „Carlsberg“ забележа добивка за првото полугодие под оценките на аналитичарите, откако слабата рубља се одрази негативно на резултатите, соопштува „Bloomberg“.

Добивката пред камата, даноци и еднократните ефекти е намалена до 3,45 милијарди круни (522 милиони долари), соопшти компанијата со седиште во Копенхаген. Просечната прогноза на аналитичарите беше за профит од 3,54 милијарди круни.

Главниот извршен директор Сеес ‘т Харт вели дека очекува органскиот раст на профитот да забави до околу 1% во втората половина од 8% во првото полугодие поради повисоките трошоци во Русија, каде „Carlsberg“ е најголемата компанија која произведува пиво.

„Carlsberg“ ја зголеми оценката за негативните валутни влијанија до 600 милиони круни за годината од 550 милиони круни по значително негативното валутно влијание од Источна Европа, каде што има 35 отсто удел на пазарот во Русија.

Производителот планира да ги намали со до 2 милијарди круни трошоците до крајот на следната година, додека се подготвува да се соочи со поголем конкурент по спојувањето на „Anheuser-Busch InBev“ и „SABMiller“. Компанијата се повлекува и од пазарите каде растот се забавува, на пример Малави и некои операции во Финска и Полска.

„Имаме некои активности кои не се случуваат на начинот на кој би сакале. По ревизијата продолжуваме со програмата за рационализација на нашиот бизнис“, рече ‘т Харт, додавајќи дека други операции може да бидат прекинати до крајот на годината.

Продажбата во првата половина се зголеми за 4% на органска база, без да се вклучуваат монетарните ефекти и превземањата. Тоа е над консензус оценка за зголемување од 3,2%. Приходите од Западна Европа, која формира околу 60% од продажбата на „Carlsberg“, се зголеми за 2% на органска база во согласност со пазарот на пиво, изјави компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП