8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанскиот долг скокна до рекордно ниво во јули

Шпанскиот долг скокна до рекордно ниво во јули

span39

Надворешниот долг на Шпанија се покачува до рекордно ниво. Со вредност од 1,1 илјада милијарди евра, тој веќе е поголем од економската продукција на земјата, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на податоците на централната банка на земјата.

Во јуни соодносот на долгот кон бруто домашниот производ (БДП) изнесува точно 100,9%.

Мадрид се стреми кон пад до 99,1% на крајот на годината. На крајот на 2015-та година нивото беше 99 отсто.

Министерството за економија појаснува во соопштението, дека се уште се на пат да ја постигнат зацртаната цел до крајот на годината, во момент во кој Европската комисија го засилува притисокот врз земјите од ЕУ да вложат повеќе напори за да го намалат високиот јавен и приватен долг. Шпанија е постојано набљудувана од страна на ЕК поради прекумерно големиот буџетски дефицит. Брисел инсистира и за консолидација во кредитната бранша.

Критериумите на ЕУ за стабилност предвидуваат крајна граница на долгот од 60 отсто од БДП-то, што во моментов одговараат на малку членови на Унијата.

Независно од политичкиот ќор-сокак, кој трае веќе осми месец, економијата на Шпанија расте со една од најбрзите стапки во еврозоната, а привремената влада неодамна ја зголеми прогнозата за растот за 2016-та година на 2,9% од 2,7%.

Администрацијата на службено конзервативниот премиер Маријано Рахој, која управува привремено по неубедливите избори во декември, се потпира на овој силен циклус на раст кој треба да и помогне на Шпанија да ги исполни своите цели за намалување на дефицитот за оваа година.

Рахој се доближува поблиску до втор свој мандат, така што се обидува да добие поддршка од помалиот конкурент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП