14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАФокусот на инвеститорите кон акцијата на Комерцијална банка АД Скопје

Фокусот на инвеститорите кон акцијата на Комерцијална банка АД Скопје

mk berza

Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје во фокусот на инвеститорите. Преку 12 трансакции беше истргувана вкупна количина до 834 акции по просечна цена од 2.320,08 денари што предизвика раст на цената од 0,87%. Таа воедно беше и единствената хартија “милионер” акција со вкупно остварен промет од 1,9 милиони денари.

Акциите на Македонија турист и Макпетрол АД Скопје со промет од 932 илјади денари, и 867 илјади денари соодветно, беа близу до ”милионот” но сепак не го достигнаа. Најголем раст од 9,96% оствари акцијата на Окта АД Скопје со истргувани 133 акции по просечна цена од 1.226 денари преку една трансакција.

Обврзниците за денационализација РМДЕН14 иако со промет од 978 илјади денари не придонесоа за промена на индексот ОМБ и има вредност од 126,90 индексни поени.

Македонската берза го заврши денот со вкупен промет од 8,17 милиони денари реализирани преку 62 трансакции и истргувани вкупно 27.793 лотови. Индексот МБИ-10 забележа пад од 0,13 отсто и заврши на 1.887,71 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП