Грчкото Министерство за финансии забележа буџетски суфицит од 3,57 милијарди евра кон крајот на јули, што ги надминува поставените цели со 874 милиони евра. За истиот период минатата година, земјата имаше вишок во износ од 3,71 милијарди евра.
Приходите во буџетот се со 621 милиони евра, или 2,2 процентни поени, под поставените цели. Во првите седум месеци од годината во грчката каса влегле 28,09 милијарди евра. Приходите во буџетот во јули исто така се разминуваат со очекувањата – приходите се во износ од 5,03 милијарди евра, што е за 755 милиони евра помалку од предвиденото.
Од Министерството за финансии прецизираат дека буџетскиот вишок главно се должи на намалувањето на трошоците – со речиси 3,3 милијарди евра. Дополнителни 390 милиони евра сепак се наменети за болниците, како и 162 милиони евра субвенции за земјоделството.
Владата одвои и дополнители 122 милиони евра итна финансиска помош за справување со хуманитарни кризи.
За првото полугодие Грција забележа примарен буџетски суфицит од 2,47 милијарди евра, а очекувањата беа за дефицит од 1,03 милијарди евра. Приходите ги надминуваат очекувањата за 3,9% до 22,9 милијарди евра.