18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе повеќе Кинези се одлучуваат да крстарат со големи бродови

Се повеќе Кинези се одлучуваат да крстарат со големи бродови

tur kina brot

Минатата година вкупно 215 милијарди долари потрошиле кинеските туристи во странство. Многу повеќе од сите други. А сумата ќе продолжи да расте, бидејќи кинеските граѓани стануваат се побогати и патуваат повеќе – со авиони, возови, а се почесто и со бродови, пишува „CNN“.

Всушност крстарењето доживува вистински „бум“. Бројот на Кинезите кои отишле на крстарење, се зголеми повеќе од три пати помеѓу 2012-та и 2014-та година до 697.000 лица според „CLSA“. Тоа ја прави Кина седмиот најголем пазар според патувања во светот, а „CLSA“ тврди дека наскоро тој има потенцијал да го заземе првото место.

Според зборовите на главниот извршен директор на „Royal Caribbean International“, Мајкл Бејли има огромен раст на луксузните патувања во азиско-пацифичкиот регион. Неговата компанија е меѓу големите меѓународни оператори кои заработуваат од овој тренд.

Технолошки понапредниот брод на „Royal Caribbean – Ovation of the Seas“, се упати директно кон Кина, откако беше пуштен во пловидба претходно во оваа година. Неговото пристигнување помогна за зголемување со над 40% на бројот на патниците кои „Royal Caribbean“ може да ги смести во Кина.

„Carnival“, најголемиот оператор за крстарење во светот, исто се обложува на тоа дека пазарот ќе расте. Во моментов компанијата има шест брода, со седиште во Кина, а уште три ќе бидат додадени во нејзината флота веќе следната година. Два други пак ќе бидат подготвени до 2020-та година.

Третиот најголем играч во индустријата „Norwegian Cruise Line“ ги подготвува бродовите, за да одговараат на кинескиот вкус. Тоа значи повеќе места за шопинг и коцкање, како и нови ресторани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП