2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНадежите во договор на произведувачите ги поткрепија цените на нафтата близу 49...

Надежите во договор на произведувачите ги поткрепија цените на нафтата близу 49 долари

naft 004

Цените на нафтата се стабилизираа во вторникот на меѓународните пазари во близина на нивото од 49 долари за барел, поткрепени од очекувањата дека водечките произведувачи во септември ќе постигнат договор за мерки за поддршка на цените.

На лондонскиот пазар цената на барелот остана речиси непроменлива во однос на претходното затворање на тргувањето и изнесуваше 48,59 долари. Во понеделникот го затвори тргувањето со плус 1,38 долари. Позначителни промени во цените немаше ниту на американскиот пазар, каде што со барел се тргуваше по 45,98 долари, додека во понеделникот го заклучи тргувањето со плус 1,25 долари.

Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) извести дека референтната цена барел од кошничката нејзина нафта во понеделникот изнесувала 43,92 долари, што значи дека пораснала за 1,32 долари во однос на претходниот трговски ден.

Пазарот ја црпи поддршката од оптимистичките уверувања на вложувачите дека произведувачите на неформалниот состанок во септември ќе преземат мерки за да го зауздаат прекумерното снабдување. Најновиот поттик на таквото уверување му даде изјавата на саудискиот министер за енергетика Калид ал-Фалих дека неговата земја ќе соработува со другите поради стабилизација на нафтените пазари.

Некои аналитичари и натаму се скептични, а сомневање изрази и нигерискиот министер за нафта Емануел Ибе Качикву. „Мојот оптимизам е многу слаб, иако соработката на 70 отсто од произведувачите на нафта би можела да даде одреден ефект“, напиша министерот на социјалните мрежи.

Поддршка на цените во понеделникот им даде и намаленото производство во Нигерија, за повеќе од 700.000 барели дневно, поради нападите на бунтовниците и проблемите со нафтоводите. Венецуела, пак, е на добар пат да го забележи најголемиот пад на производството во последните 14 години поради економската и политичката криза.

Така, венецуелското производство на сирова нафта во 12-месечниот период, заклучно со крајот на јуни, потонало за 9 отсто, на 2,36 милиони барели дневно. Трговските податоци коишто Reuters ги добил на увид, покажуваат и дека државната нафтена компанија PDVSA во јули извезувала само 1,19 милиони барели нафта дневно.

„Август и септември, од аспект на фундаментите, изгледаат силни“, смета Доминик Хејвуд од „Energy Aspects’, укажувајќи на силната работа на рафинериите и намаленото производство на нафтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП