18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕВН Македонија ја стави под напон целата дистрибутивна мрежа во кризниот скопски...

ЕВН Македонија ја стави под напон целата дистрибутивна мрежа во кризниот скопски регион

acc

ЕВН Македонија ја заврши првата фаза од санацијата на дистрибутивната мрежа во скопскиот регион најпогоден од поплавите.

Сите трафостаници во населените места кои најмногу страдаа од големото невреме се под напон и сите корисници можат да се приклучат на дистрибутивната мрежа. И покрај можноста да бидат приклучени под напон уште десетици корисници чии домови се под вода и кал, остануваат без електрична енергија, бидејќи во моментов не е безбедно.

И во населбата Илинден, трафостаниците кои беа под вода се веќе исчистени и ставени под напон. Следната фаза која ЕВН Македонија  ја почнува во овој регион е чистење на мерните ормари од кал и нивно сушење од влага, како и замена на оштетените броила, столбови и друга енергетска опрема. Ќе се заменат сите оштетени енергетски објекти и ќе се реконструира во целост дистрибутивната мрежа на трошок на компанијата.

Екипите на ЕВН Македонија и натаму ќе останат да работат на терен во координација со локалната самоуправа,  владиниот и градскиот кризен штаб. Апелираме корисниците во регионот каде се санира мрежата ништо да не преземаат на своја рака и за се што е потребно околу инсталациите и енергетската опрема да се во координација со екипите на ЕВН.

aff

agg

????????????????????????????????????
????????????????????????????????????

abb

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП