15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАEASA бара медицински надзор на пилотите

EASA бара медицински надзор на пилотите

piloti-aereo33

Европската агенција за воздухопловна безбедност (EASA) побара легализирање на своите препораки за медицински надзор на пилотите, по речиси година и половина по несреќата на авионот на Germanwings во француските Алпи.

Европската комисија (ЕК) ја задолжи EASA да ги открие недостатоците што му овозможија на копилотот Андреас Лубиц намерно да го урне авионот А320 на летот од Барселона до Диселдорф на 24 март 2015 година, кога загинаа 149 луѓе.

Во јули истата година Агенцијата издаде низа препораки, повторени по советувањата со воздухопловната индустрија, во документот што требаше да послужи како основа на ЕК за „законски предлози кон крајот на 2016“, се наведува во соопштението.

Агенцијата сака построги лекарски прегледи на пилотите преку воведување на скрининг за дрога и алкохол, сеопфатно следење на менталното здравје, и подобро следење на случаите од претходни психички проблеми.

Агенцијата исто повикува на подобра обука и надзор на лекарите што ги следат пилотите, како и спречување на обидите за измами и барања од центарот за лекарски прегледи да пријават нецелосни прегледи.

Во јули EASA ја ублажи својата препорака за нужна присутност во секој момент на втор член на екипажот во пилотската кабина.

Според конечниот извештај на Канцеларијата за истраги и анализи, Андреас Лубиц, кој се затвори во пилотската кабина и намерно го урна авионот, во раната младост пател од тешки психички пореметувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП