11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе обновува германската корисничка доверба

Се обновува германската корисничка доверба

industrisko proizvodstvo eu

Довербата на германските инвеститори се враќа во август поради тежината на стравовите поврзани со економските последици од „Brexit“.

Инвеститорската доверба во најголемата економија во Европа порасна со 7,3 поени до 0,5 поени по падот со 26 поени во претходниот месец, соопшти денеска германскиот Центар за економски истражувања (ZEW) во Манхајм.

Економистите кои беа испитани од Ројтерс, сепак прогнозираа показателот да достигне 2 поени.

Показателот заснован на анкетата на 214 аналитичари и институционални инвеститори, делумно се опорави од шокот по „Brexit“, посочи претседателот на центарот Мајнхајм, Ахим Вамбах.

Политичките ризици во ЕУ и надвор од неа сепак продолжуваат да ги попречуваат пооптимистичките економски перспективи за Германија, додава тој.

Покрај тоа несигурноста околу одржливоста на европскиот банкарски сектор продолжува, истакнува центарот.

Аналитичарите додаваат дека индексот, за мерење на сегашните услови во Германија, исто така се враќа во август. Показателот пораснал за 7,8 процентни поени до 57,6 поени.

Аналитичарите очекуваа скромен раст до 50,2 поени.

Очекувањата на финансиските експерти за развој на конјуктура во еврозоната се подобруваат значително. Индикаторот за очекувањата се зголемува со 19,3 поени до 4,6 процентни поени. Индикаторот за моменталната состојба во еврозоната се подобрува со 2,1 поени до -10,4 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП