28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманските компании гиганти инвестираат надвор од еврозоната

Германските компании гиганти инвестираат надвор од еврозоната

ger12

Германската автомобилска групација, предводена од „Volkswagen“, планира до 2017 година да инвестира 25 милијарди долари во земјите надвор од еврозоната.

Како што објави Блумберг, проширувањето на пазарите надвор од еврозоната има за цел да го надокнади влијанието на должничката криза и флуктуацијата на девизните курсеви.

Германскиот „BMW“, еден од водечките извозници на автомобили во САД, објави дека има намера да започне со производство на кросовер Х4 во американската сојузна држава Јужна Каролина, а „Daimler“ ќе ја проширува фабриката „Mercedes-Benz“ во Алабама.

„BMW“ исто така, гради линија за монтажа во Мексико, вредна 1,3 милијарди долари.

„Volkswagen“ на екпанзијата во странство, вклучувајќи седум фабрики во Кина до 2017 година, ќе инвестира 19 милијарди долари. „Daimler“ планира во производството во странство да вложи пет милијарди долари до 2015 година.

Оваа година, „Volkswagen“ го отвори стотиот производствен погон – фабрика вредна 550 милиони долари во мексичкиот град Силао.

Според проценката на консултантската куќа „Оливер Вајман“, германската автомобилска групација располага со 77 проценти од капацитетот надвор од границите на својот регион. „General Motors“ истовремено има 76 проценти од капацитетот надвор од матичната земја, а „Toyota“ 59 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП