4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе санираат премините над отворените канали во Синѓелиќ

Се санираат премините над отворените канали во Синѓелиќ

sanacija 333

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети, заедно со екипи на Градот Скопје и на јавните градски претпријатија денеска се на терен во Синѓелиќ каде што е во тек акцијата за расчистување на последиците од катастрофалното невреме.

Од денеска во Синѓелиќ ќе се работи и на санација на оштетената инфраструктура, односно ќе се санираат цевките во отворените канали и ќе се оформат премини преку каналите за да се овозможи нормално одвивање на сообраќајот.

„Денеска почнуваме со санација на цевките во отворените канали во Синѓелиќ и со санација на премините преку каналите за да овозможиме нормално одвивање на сообраќајот. Сакам да се заблагодарам на сите компании што донираа цевки и градежни машини и помогнаа во справувањето со последиците од поплавата. Се оспособува и улицата кон Камник. Можам да потврдам дека на терен веќе се гледаат резултатите од активностите за расчистување“, изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Според него, сметот и градежниот шут интензивно се расчистува со механизација, а улиците се мијат со цистерни, додека во тек се и активностите за дезинфекција на домовите. Трајановски додаде дека на терен се и проценителите на штетите од поплавата кои ги посетуваат погодените домови.

„Синѓелиќ го поделивме на 14 реони, а во секој реон на терен е по еден тим составен од по двајца војници, двајца претставници на локалните жители и еден комунален редар кои ги посетуваат жителите на Синѓелиќ и укажуваат во кој дел што е потребно“, рече Трајановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП