21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Ѓорче Петров ќе ги обештети поплавените

Општина Ѓорче Петров ќе ги обештети поплавените

gj poplava

Општина Ѓорче Петров, по невремето проследено со поплави, од минатата недела во Скопје, ги санира последиците, а најави и обештетување на поплавените.

Општинската комисија за процена на штети од невремето на 8-ми август посети вкупно 140 домаќинстава. За сите поднесени барања за обештетување направени се записници и истите ќе бидат доставени до надлежните институции за надомест на штетата, соопштија од општината.

Исто така, општината почна реконструкција на дел од патот Волково кон село Кучково до гробиштата

„Се реконструираше дел од патот од центарот на село Волково кон село Кучково до гробиштата. Овој дел од трасата беше видно оштетен од неодамнешното невреме. Со крпењето на патот ќе се затворат и опасните ударни дупки на ова делница кои претставуваа опасност за учесниците во сообраќајот“, велат од Ѓорче Петров.

Инаку, во минатонеделното невреме животот го загубија 22 лица, а нјпогодени беа Стајковци, Сингелиќ и Арачиново.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП