27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ги повика акционерите во „Северен поток 2“ да ги почитуваат европските...

Германија ги повика акционерите во „Северен поток 2“ да ги почитуваат европските правила

potok335

Германија ги повика акционерите во проектот за проширување на гасоводот „Северен поток“ да ги почитуваат европските правила, соопштува руската новинска агенција „РИА Новости“.

„Северен поток 2“ се соочи со сериозен проблем кога полскиот регулатор одби да дозволи создавање на заедничко вложување од акционерите – „Газпром“, „Engie“, „OMV“, „Shell“, „Uniper“ и „Wintershall“. На овој начин, проектот треба да биде спроведен само од еден од партнерите – рускиот гигант „Газпром“.

Според Третиот енергетски пакет компании кои се занимаваат со експлоатација на гас, не можат да бидат мнозински сопственик на магистрални цевководи во ЕУ. Токму овој услов го „сопна“ развојот на „Јужен поток“ – во него „Газпром“ сакаше да задржи 51% од сопственоста на цевките.

Кај „Северен поток 2“, сепак руската компанија беше согласна да држи 50% од капиталот на компанијата, а останатите партиции се распределба меѓу петте западни компании. Одбивањето на Полска да регистрира заедничката компанија сепак го става проектот под знак прашалник.

Како точно ќе биде реализиран проектот понатаму е одлука на компанијата, но со почитување на германското и европското законодавство, велат од германското Министерство за економија и енергетика за случајот.

Гасниот пазар во Германија е високоликвиден и разновиден, забележуваат уште од завод. Антимополниот регулатор во земјата овозможи создавање на заедничко вложување за реализација на проектот. Во Полска сепак проценката беше дека тоа ќе ја наруши конкуренцијата на пазарот и затоа барањето на акционерите во „Северен поток 2“ беше одбиено.

Германија ја поддржува диверзификацијата на испораките на гас во ЕУ, велат уште германските власти. Една од можностите е реализацијата на „Јужниот гасен коридор“, кој преку гасоводите „TANAP“ и „TAP“ во Европа ќе пристигнува природен гас од Азербејџан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП