4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен сообраќај надвор од градските средини

Зголемен сообраќај надвор од градските средини

patista 333000

Сообраќајот на сите патишта низ државата се одвива без забрани, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Патниот правец Скопје – Македонски Брод преку НП Јасен е пуштен за сообраќај за лесни автомобили.

ЈП Македонија пат на учесниците во сообраќајот им препорачува крајно внимателно управување со возилата на делот од патот кај с.Близанско 500 метри после мостот на река Треска во должина од 50 метри. Екипите на ЈП Македонијапат продолжуваат да работат на оспособување на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП