6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТехнологијата на „Bitcoin“ може да е иднината на финансиските услуги

Технологијата на „Bitcoin“ може да е иднината на финансиските услуги

biti 3993

Дури „Bitcoin“-от да не опстои, технологијата на криптовалутата ќе има сериозно влијание врз финансиските услуги, сметаат експертите. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на Светскиот економски форум.

„„Blockchain“ ќе стане срцето што чука во финансиската индустрија“, коментира Џанкарло Бруно, кој е шеф на одделот „Финансиски услуги“ на Светскиот економски форум.

„Blockchain“ е технологијата која ги опишува и чува сите „Bitcoin“ трансакции. Базата на податоци не се чува на едно место, а „живее“ во мрежата.

Меѓу предностите на „Blockchain“ е дека технологијата дава многу сигурен, транспарентен, брз и ефикасен начин за вршење на трансакции. Досега големите финансиски институции го избегнуваат „Bitcoin“ поради популарноста на криптовалутата како средство за плаќање на нелегални стоки и услуги на интернет.

Тие сепак не ги потценуваат предностите на самата технологија. „Blockchain“ веќе има модификации кои можат да работат без да се обврзани задолжително со „Bitcoin“. Некои банки дури веќе имаат тимови кои вршат истражувања и развојни услуги, базирани на „Blockchain“.

Во моментов повеќето случувања се концептуални и се испитуваат можностите на технологијата. Светскиот економски форум е убеден дека постепено технологијата ќе најде место во реалниот свет. Засега експертите не очекуваат тоа да се случи брзо, додека не бидат решени сите проблеми со безбедноста. Покрај тоа финансискиот сектор ќе треба да разговара за технологијата и со владите и регулаторите за да се изработат соодветни правила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП