4 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВтор координативен донаторски состанок поврзан со штетите нанесени во невремето во Скопје...

Втор координативен донаторски состанок поврзан со штетите нанесени во невремето во Скопје и Тетово

sostano3

Денес во организација на Секретаријатот за европски прашања се одржа вториот координативен донаторски состанок, поврзан со катастрофалните поплави кои се случија на 6-ти август во Скопје и околината.

На состанокот се обрати вицепремиерот за евроинтеграции Арбр Адеми, а свои обраќања имаа и тим лидерот на експерти кои пристигнаа во Република Маедонија преку Европскиот механизам за цивилна заштита, Питер Глерим и постојан координатор на ООН и постојан претставник на УНДП во Македонија, Луиза Винтон.

Адеми истакна дека целта на овој состанок е да се добие појасна слика за целокупната донаторската поддршка која до овој момент е обезбедена од страна на билатералните партнери, за која првично се разговараше на минатонеделниот состанок.

Глерим информираше за улогата и поддршката која ја обезбедува Механизмот за цивилна заштита, координацијата на помошта која веќе е добиена и помошта која дополнително ќе пристигне, а ги презентираше и советите кои се однесуваат на листата за потреби, геохидролошките проблеми и проблемите со канализацијата, како и начините на кои истите ќе се решаваат и ќе се санираат настанатите штети.

Адеми им се заблагодари на сите донатори за нивната подршка и ги охрабри редовно да ја пријавуваат помошта која ја донираат, со цел да се добие посеопфатен преглед на донираната помош, се вели во соопштението од СЕП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар